Дали народите можат да се побунат против војните на моќниците?

Дали народите можат да се побунат против војните на моќниците?

Во неделата, по молитвата Ангел Господов, Папата повторно повика да се молиме за мир во Украина. Во светот, наспроти заканувачкото ѕвецкање на оружјето на големите, расте тивката молитва на Божјите најмали.

Низ историјата, народите многу страдале поради војните на моќниците. Колку невини жртви, колку солзи, колку болка за војните што ги водат слабите за силните. Војни кои слабите ги направија уште послаби, а силните уште посилни.

Деновиве се појави можноста за Трета светска војна. Доволно е ужасно и само да се слуша дека се зборува за тоа.

Апелот на Иван Павле II на Божиќ 1990 година, пред избувнувањето на Заливската војна, и денес звучи пророчки: „Нека се уверат одговорните дека војната е авантура без враќање!“. И денес, по повеќе од 30 години, плаќаме за последиците од таа војна: насилство, тероризам, други војни, други напатени народи.

Денес го слушаме гласот на големите како зборуваат за војна. Треба да го слушаме гласот на најмалите кои зборуваат за мир. Ова веќе се случило во историјата. Ганди го мобилизираше народот составен од многу мали, милиони мали обединети, победија со мир. Изгледаше невозможно. И во минатиот век, моќните диктаторски режими изгледаа непобедливи, пропаднаа без насилство затоа што се побуни беспомошниот народ.

Евангелието ги прогласува миротворците за блажени. „Војната е лудост“, рече папата Фрањо, донесува само страдање и уништување на народите. Но, можат ли народите да се побунат против војните на моќните? Не. „Мора“ да се побунат.

Серџо Центофанти/Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот