Грижа за менталното здравје во време на пандемија

Грижа за менталното здравје во време на пандемија

Психолошкото влијание на пандемијата е големо, а светот е веќе соочен со сериозни пореметувања во менталното здравје. Јавната или комуникацијата на социјалните мрежи игра многу важна улога во создавањето на надеж или пак продлабочување на кризата.

Според СЗО проблемите поврзани со менталното здравје можат да станат главната причина за инвалидитет во светот до 2030 година. СЗО истакнува дека секој четврти човек во светот би можел да има ментално пореметување во текот на својот иден живот.

Околу 12,5% од сите здравствени проблеми кои ги трпи светката популација претставуваат ментални пореметувања, а овој процент е повисок од оној кој вклучува заболувања поврзани со рак и кардиоваскуларни заболувања. (…)

Пред пандемијата околу 300 милиони луѓе стрдаа од депресија, а од нив околу 800.000 годишно извршиле самоубиство. Тие бројки за жал се зголемија во текот на 2020 година заради мерките на самоизолација и контролата на движењето кои ширум светот се спроведуваа со цел избегнување на заразата.

Во сето тоа медиумите играат главна улога во перцепцијата на општествената реалност и имаат способност за зајакнување на предрасудите и стереотипите, а во еднаква мера имаат и можност да се борат против сето тоа изоставувајќи ги лажните вести и донесувајќи точни податоци. За време на кризата со која во моментот се соочуваме да се зголеми стравот за сопственото здравје и здравјето на ближните, финансиската ситуација и работното место што доведе и до различни промени како што се промени во исхраната, потешкотии со спиењето и концентрацијатија, влошување на хроничките здравствени и ментани проблеми, зголемено консумирање на тутун и или алкохол.

Центрите за превенција од болести во целиот свет неуморно предупредуваат дека менталното здравје е важен дел за благосостојбата и здравјето воопшто. Тоа влијание на начинот на нашето размислување, чувствување и делување. Исто така има влијание и на начинот на кој се носиме со стресот, како комуницираме со другите и донесуваме одлуки во итните случаи.

Во тој контекст се предлагаат некои од следните начини на сузбивање на безнадежноста:

Намалете ги предизвикувачите на стрес

Одржувајте ја својата вообичаен рутина и држете се до својот распоред. Тоа е и повеќе отколку важно за вашето ментално здравје.

Ограничете ја изложеноста на медиумите

Постојаните вести за Ковид-19 можат да придонесат за страв од оваа болест.

Ограничете ја употребата на социјалните медиуми кои можат да ве изложат на гласини и лажни информации. Ограничете го читањето, слушањето или гледањето на други вести, но често информирајте се за националните и локалните препораки. Пребарувајте проверени извори на информации.

Останете ангажирани

Окупираноста може да ве одалечи од кругот на негативни мисли кои поттикнуваат на вознемиреност и депресија.

Фокусирајте се на позитивни мисли. Мислете на позитивните моменти во вашите животи, а помалку внимание посветувајте на мислите за тоа дека лошо се чувствувате.

Користете ги своите морални вредности и духовноста како поддршка. Молитвата ќе ви даде утеха во тешките времиња.

Поставете приоритети

Не се замарајте со создавање на список на работи кои го менуваат животот и за кои мислите дека ќе ви донесат среќа. Наместо тоа, направете список со она што во животот навистина ви е важно. Подредете ги вашите приоритети.

Изградете и зацврстете ги врските. Ако треба да останете дома и да се дистанцирате од другите, тогаш избегнувајте социјална изолација и настојувајте на друг начин да се поврзувате со своите сакани.

Направете нешто за другите. Пронајдете смила помагајќи им на луѓето околу себе.

Поддржете член на семејството или пријател. Бидете тука едни за други!

Свјетло ријечи/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот