„Големо чувство на надеж“ пред посетата на Папата на Јужен Судан

„Големо чувство на надеж“ пред посетата на Папата на Јужен Судан

Католичкиот мисионер, свештеник и извршен директор на организацијата Солидарност со Јужен Судан, отец Џим Грин, во интервју за Vatican News, ја опишува надежта што се чувствува во земјата пред претстојното Апостолско патување на папата Фрањо во таа северноафриканската земја.

На 3 февруари 2023 година Светиот Отец ќе отпатува за Јужен Судан каде ќе престојува до 5 февруари. За време на посетата ќе се сретне со граѓанските власти во земјата, католиците, раселените лица и други христијани.

Ирскиот свештеник, мисионер и извршен директор на организацијата „Солидарност со Јужен Судан“, отец Џим Грин, член на африканските мисионери „Бели оци“, зборуваше за Vatican News од главниот град Џуба, истакнувајќи ја претстојната посета на Папата и исчекувањето кое владее во земјата.

Ходочастие на мирот

Папата Фрањо во контекст на неговата посета редовно се опишува како ходочасник на мирот. Ќе ја посети земјата која е длабоко поделена и во која долго време се приустни насилни конфликти.

Католичкиот мисионер и свештеник Грин истакна дека е постигнат одреден напредок во решавањето на кризата во Јужен Судан. Во моментов нема конфликт на национално ниво и се работи на повторно обединување на вооружените сили. Заедницата Свети Егидиј – католичка лаичка организација која е многу вклучена во олеснувањето на мировните преговори во земјата направи сé што е во нејзина моќ за да ги олесни мировните разговори со оние групи кои претходно не беа присутни во преговорите.

Сепак, тој истакна дека иако моментално нема конфликт на национално ниво, има многу насилство на локално ниво.

Значителен број лица од Јужен Судан исто така се раселени поради конфликтите, поплавите и климатските промени. Затоа сé уште постои многу сериозна криза која трае – рече отец Грин.

Исчекување во пресрет на Апостолската посета

Имајќи го ова на ум, отец Грин рече: Мислам дека мора да сфатите дека во пресрет на посетата, најприсутна е емоцијата на надеж.

Се надевам, продолжи тој, дека посетата на Папата ќе им помогне на луѓето да ги решат разликите, ќе им даде нова мотивација, ново охрабрување дека разликите од минатото, конфликтите и траумите можат да се решат и дека различни групи можат да дојдат и да живеат заедно.

Тој призна дека имаше страшно разочарување, кога минатата година планираното патување на Папата беше одложено.

Беше присутна голема радост за посетата, од повеќе причини: затоа што Папата покажа разбирање за страдањата на луѓето во Јужен Судан и покажа знаци на негова лична посветеност за промовирање на мирот како обврска на Црквата кон тукашните верници.

Сега, кога посетата е презакажана, католичкиот мисионерски свештеник Грин рече дека има многу исчекување – се зборува на радио, постери, дури и автомобили кои се движат наоколу имаат налепници на папата Фрањо, искажувајќи му добредојде во земјата.

Екуменско ходочастие

Јужен Судан е земја со мнозинство христијани, иако е тешко да се одредат точните бројки, католицизмот и англиканизмот генерално се сметаат за најголеми деноминации.

Светиот Отец патува во Јужен Судан заедно со надбискупот од Кентербери, Џастин Велби и модераторот на Генералното собрание на црквата на Шкотска, Џим Валас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот