Годишнина од смртта на папата Павле VI.

Годишнина од смртта на папата Павле VI.

Неговото застапништво нека ја зголеми во нас љубовта, верноста и посветеноста кон Црквата – истакна кардинал Семераро

На празникот Преображение Господово, 6 август, воедно е и годишнина од смртта на папата Павле VI. По повод 43 годишнина од смртта на папата Павле VI , кардинал Марчело Семераро служеше света Литургија во криптата каде се наоѓа неговиот гроб.

Во својата проповед, кардинал Семераро истакна дека славењето на светата Литругија на годишнината од смртта на Павле VI. ја следи уште од бискупската служба во Албано, одел во парохиската црква во Кастел Гандолфо, каде што почина светителот. Таа служба, рече кардиналот, ми помогна да растам и да созреам во љубовта кон Павле VI.

Евангелието според Марко кое се зема за празникот Преображение Господово сигурно било втиснато во срцето и умот на Павле VI, роден како Џовани Батиста Монтини. Беше со контемплативна природа, истакна кардиналот Семераро, а првата енциклика ја објави на самиот празник Преображение Господово во 1964 година. Таа енциклика се памети како енциклика на дијалог, рече монс. Семераро. Како што истакна кардиналот, толкувајќи ги литургиските читања, ако Мојсеј и Илија разговараат со Исус, ако Отецот од небесата им се обраќа на луѓето, тоа значи дека во Рајот не пее само хорот на ангели, туку има дијалог меѓу светците, кои се продлабочени во дијалогот на љубов кон Пресветата Троица. Ако Црквата на земјата денес сака да стане збор, порака и разговор, мора да го пронајде своето вдахновение во дијалогот на небесната Црква.

Денес сакаме да му се заблагодариме на Господ за дарот на Црквата во личноста на Свети Павле VI. Исто така, сакаме да се молиме за нашиот Свети Отец, папата Фрањо, рече кардиналот, чии зборови треба да ги читаме доследно со учителството на Павле VI. Да го повикаме застапништвото на овој драг светец со цел во нас да се зголеми љубовта, верноста и посветеноста кон Светата Црква, заврши кардинал Семераро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот