Годината на Богопосветениот живот во знакот на Девица Марија

„Благодатно време за богопосветениот живот и за Црквата“. Со овие зборови кардиналот Жоао Брац де Авис, префект на Конгрегацијата за институтите за богопосветен живот и заедниците за апостолски живот, ја означи Годината на Богопосветениот живот, прогласена од папата Фрањо, која беше отворена на 29 ноември со големо молитвено бдеење во Папската базилика „Света Марија Велика“ и со светаЛитургија на 30 ноември во базиликата „Свети Петар“. Годината се совпадна и со прославата напедесетгодишнината од догматскатаконституцијана Црквата од Вториот ватикански собор „Lumen Gentium“ и соборниот декрет „Perfectae Caritatis“ посветен на обновувањето на богопосветениот живот.

Двата молитвени настани, се совпаднаа со почетокот на предбожиќното време и ќе бидат во знакот на Мајка Божја, модел и покровителка на богопосветениот живот. „Црквата оди заедно со Дева Марија (…) Во Марија секој еден од нас, помогнатод ветрот на Светиот Дух, го живее личното звање за да се упати кон другите!“, ова стои во првото послание за Годината посветена на Богопосветениот живот под наслов „Радувајте се“, на ватиканската Конгрегација за богопосветените лица.

Молитвеното бдеење и светата Литургија се одржаа во срцето на Рим во општење со сите епархии во светот, кои упатија молитви кон Светиот Дух, за да вдахне живот и да ја обнови Црквата.

Во оваа година, наведува монсињор Хозе Родригез Карбајо, секретар на Конгрегацијата за богосветен живот „богопосветените се повикани да се потсетат на еден жив настан во кој доаѓа до препознавање на нашиот најдлабок идентитет“ и ни е доверена една нова метода на размислување за светот и човечкиот живот, поаѓајќи од Словото Божјо“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот