„Глас на Отецот“ – најголема камбана во светот

„Глас на Отецот“ – најголема камбана во светот

„Vox patris” (Глас на Отецот) е името на камбаната која ја е изработена во Полска, а на неа е работено од 2013 година

Најголемата камбана во светот која се ниша е тешка 55,5 тони, со големина 4,5 метри и висна 4 метра, излиена во работилница во полскиот град Краков и наскоро ќе биде испратена до нарачателот – светилиштето на Вечниот Отец во бразилскиот град Триндаде.

Камбаната во Бразил ќе биде транспортирана по морски пат, а нејзините произведувачи истакнуваат дека станува збор за најголема камбана во светот која се ниша. Досега таа титула ја носеше камбаната поставена во јапонското место Готенба, која тежи 36 тона.

Инаку најтешката камбана на светот е Царската камбана, која е направена по нарачка на царскиот двор е изработено кон крајот на 17 век. Камбаната тешка е 216 тона, меѓутоа никогаш не била користена поради оштетувања и денес е изложена во Кремљ.

Битно нет/к.мк

Фото: Gosc Niedzielny

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот