Генерална аудиенција: Староста е ветување, желбата за вечна младост е заблуда

Генерална аудиенција: Староста е ветување, желбата за вечна младост е заблуда

Продолжувајќи го циклусот катехези посветен на значењето на староста на Генералната аудиенција во среда 10 август 2022 година, папата Фрањо зборуваше за староста како време во кое позрело се живее средбата со Бога. Нашето постојано место – објаснува тој – не е на земјата, туку кај Господ, а во животот сме приправници. Невозможно е да се запре времето, истакна Папата.

По јулската пауза и минатонеделното размислување посветено на патувањето во Канада, Папата во салата Павле VI. ја сподели својата шеснаесетта катехеза за третото доба како време кое носи надеж за исполнување на Божјото ветување, време кое е премин од кревкоста на сведочењето и предизвиците на братството.

Време кога се очекува Господ

Староста, како што рече Папата, е благодатен момент „за трогателно и радосно сведоштво“ за очекувањето на Господ. Иако во овој период од животот делата на верата, кои нè доближуваат нас и другите до Божјото царство, повеќе не пукаат од енергија, зборови, младешки полет и полет во зрели години, токму на тој начин ветувањето ни ја дава вистинската смисла на животот и е уште потранспарентна: да седнеме со Бога на трпезата, во Божјиот свет. Би било интересно да се види дали има посебна поврзаност во помесните Цркви, која за цел има да ја оживее таа посебна служба да се очекува Господ, поттикнувајќи ги индивидуалните харизми и квалитетите на заедништво на старите лица, истакна Папата.

„Староста помината во малодушност поради пропуштените можности предизвикува потиштеност и кај постарата личност и кај сите околу нив. Напротив, староста која се живее со благост и почит кон реалноста на животот дефинитивно ја разрешува двосмисленоста на моќта која мора да биде самодоволна и на која и довеолен само сопствениот успех. Тоа дури и го разоткрива погрешното сфаќање на една Црквата која се прилагодува на состојбата на светот, сметајќи дека на тој начин дефинитивно управува со нејзиното совршенство и исполнување“.

Нашето постојано место е покрај Господ

Кога ќе се ослободиме од претпоставката дека секогаш можеме да бидеме совршени, здрави, енергични и целосно успешни, времето на стареење што ни го дава Бог е само по себе едно од оние „поголеми“ дела за кои зборува Исус.

„Нашиот живот не е создаден за да се затвори во себе, во некое имагинарно земно совршенство: тој е предодреден да направи чекор повеќе и да го премине прагот на смртта. Имено, нашето постојано место, нашата цел не е овде, туку кај Господ, каде што Тој живее засекогаш.

Приправници на животот

На земјата, продолжи Папата, започнува процесот на нашиот „новицијат“: ние сме приправници на животот, кои – среде безброј тешкотии – учиме да го цениме Божјиот дар, почитувајќи ја одговорноста да го споделиме и да дозволиме да вроди со плод за сите. Времето на животот на земјата е милост на тој премин, додаде Папата. Идејата да се запре времето, да се посакува вечна младост, неограничен просперитет, апсолутна моќ, предупреди Папата, не само што е невозможна, туку е и чиста заблуда.

„Нашиот живот на земјата е време на вовед во живот кој своето исполнување го наоѓа само во Бога. Ние сме несовршени од почеток и ќе останеме несовршени до крај. Во исполнувањето на Божјото ветување, односот е превртен наопаку: Божјиот простор, кој Исус внимателно го подготвува за нас, е поголем од времето на нашиот смртен живот. Според тоа, староста ја приближува надежта за тоа исполнување. Староста веќе дефинитивно го знае чувството на време и ограниченоста на местото во кое ја живееме нашата иницијација. Староста е мудра поради тоа, постарите поради тоа се мудри“.

Староста е благородна, не треба да се украсува

Затоа, веродостојно е кога нè повикува да се радуваме на времето што минува. Староста е благородна, не мора да се „шминка“ за да ја покаже својата благородност.

Староста ја наоѓа длабочината на погледот на верата, а тој период од животот, кој се живее во исчекување на Господ, може да стане потполна „апологија“ на верата, која на сите им дава објаснување за нашата надеж за сè. Во пракса, возраста го прави Исусовото ветување транспарентно, покажувајќи кон Светиот град за кој се зборува во Книгата Откровение.

„Староста е најпогодна возраст за ширење на Радосната вест дека животот е иницијација за крајно исполнување. Постарите луѓе се ветување, сведоштво за ветување. А најдоброто допрва доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа: како пораката на постарите верници, најдоброто допрва доаѓа. Господ да ни даде на сите старост способна за тоа!“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот