Генерална аудиенција: Постарите луѓе се гласници на нежноста

Генерална аудиенција: Постарите луѓе се гласници на нежноста

Ликот на Никодим беше во центарот на катехезата на Генералната аудиенција посветена за важноста на староста. Папата Фрањо истакна дека постарите се гласници на нежност, мудрост и љубов.

Божјиот стил е близина, сочувство и нежност, а постарите, бабите и дедовците се тие кои можат да ни помогнат да ја разбереме оваа димензија на нежност, рече папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 8 јуни 2022 година.

„Погледнете на вашите баби и дедовци како се грижат за своите внуци, како ги милуваат своите внуци: таа нежност, ослободена од сите човечки искушенија, која ги победи човечките искушенија, може слободно да дава љубов, близина полна љубов еден кон друг“.

Таа нежност, рече Папата, ја отвора вратата за разбирање на Божјата нежност. „Бог е таков, знае да милува. А староста ни помага да ја разбереме таа Божја димензија која е нежност“, рече Светиот Отец.

Создадени за вечна среќа

Како дел од катехезата, Папата размислуваше за зборовите што Исус му ги упати на Никодим: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо“ (Иван 3,3), односно оној што нема да се роди од вода и Дух.

Тоа повторно „раѓање одозгора“, рече Папата, не ја негира, ниту ја намалува смислата на нашето земно постоење, туку нè насочува кон неговото крајно исполнување во вечниот живот и небесната радост.

„Овој живот е скапоцен во очите на Бога: нè идентификува како созданија кои Тој нежно ги сака. „Раѓањето одозгора, кое ни овозможува да „влеземе“ во царството Божјо, е раѓање во Духот, премин преку водата до ветената земја на едно создание помирено со Божјата љубов“.

Нашето време, со својата бесомачна потрага по митот за вечната младост, мора повторно да ја научи таа вистина и да гледа на секоја доба од животот како подготовка за вечната среќа за која сме создадени.

Сведоштво за царството Божјо

Постарите луѓе, преку својата вера, мудрост и искуство, можат да бидат силно сведоштво за присуството на Божјото царство и автентичното значење на нашиот земен живот како предвкус на вистинската „вечна младост“ што нѐ чека во новото создание кое го воведе Христос и неговиот Светиот Дух.

Истакнувајќи ја убавината на староста, Папата рече дека старите лица одат кон својата дестинација, кон небото Божјо.

Според тоа, староста е посебно време за ослободување на иднината од технократската илузија за биолошко и роботско преживување, но пред сè затоа што ја отвора нежноста за крилјата на Бог кој создава и раѓа“.

Светиот Отец ја заврши катехезата со молитва, во која моли Светиот Дух да ни подари ново отворање за она духовно – и културно – послание, кои нѐ помирува со раѓање одозгора.

„Кога така размислуваме за староста, тогаш велиме: зошто оваа култура на отфрлање одлучува да ги отфрли постарите, сметајќи ги за бескорисни? Постарите се гласници на иднината, постарите се гласниците на нежноста, постарите се гласниците на мудроста на проживеаниот живот. Да одиме напред и да ги погледнеме постарите“.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот