Генерална аудиенција: Оној што бара живот мора да гледа во Христа

Генерална аудиенција: Оној што бара живот мора да гледа во Христа

„Мојсеевиот закон“ е тема на катехезата за време на Генералната аудиенција, која папата Фрањо ја одржа во салата Павле VI. Во своето обраќање Папата продолжи со циклусот катехези посветен на Посланието на светиот апостол Павле до Галатјаните.

Мојсеевиот закон, односно Десетте заповеди и Светиот Дух: тоа се двете точки за кои папата Фрањо зборуваше за време на катехезата на Генералната аудиенција во среда 11 август 2021 година, која се одржа во салата Павле VI, истакнувајќи ја „новоста на христијанскиот живот“, како што пишува апостол Павле до незнабошците, во своето Послание до Галатјаните. Во тоа време, потсети Папата, имало потреба од закон, „голем дар што Бог му го даде на својот народ“ против паганството и идолопоклонството. Но, оние кои тврдат дека Галатјаните мора да го почитуваат Законот за да бидат спасени и да не предизвикаат „реакција на Божјиот гнев“, свети Павле истакнува дека почитувањето на Мојсеевиот закон и заветот со Бога „не е неразделно“.

„Заветот, кој Бог го склопи со Авраам се засноваше на вера во исполнување на ветувањето, а не во почитување на Законот, кој сѐ уште не постоел“, рече папата Фрањо.

Духовната интелигенција на Свети Павле

Доаѓајќи само 430 години подоцна, заедно со Мојсеј, „законот не е дел од заветот“. Но, Павле, посочи папата Фрањо, во никој случај не е во спротивност со Тората, особено затоа што „неколку пати во своите посланија го брани неговото божествено потекло и тврди дека има многу специфична улога во историјата на спасението“. Но, постои еден посебен аспект што Апостолот го нагласува, благодарение на неговата „духовна интелигенција и поткрепена со благодатта добиена за неговото евангелизациско послание“:

„Законот не дава живот, не нуди исполнување на ветувањето, бидејќи не е во состојба да го исполни. Законот е пат што нѐ води напред до средба. Павле користи многу важен збор, законот е „учител“ на Христос, учител на верата во Христа, односно учителот кој ве води за рака на средбата. Оние што го бараат животот мора да го бараат ветувањето и неговото исполнување во Христа. (…) Овој збор е многу важен: Божјиот народ, ние христијаните, одиме низ животот гледајќи во едно ветување, а ветувањето е токму она што нѐ привлекува да одиме напред кон средбата со Господ.

Новина на христијанскиот живот

Ова е „радикалната новина во христијанскиот живот“: Сите оние што веруваат во Исус Христос се повикани да живеат во Светиот Дух, кој ги ослободува од законот и во исто време го исполнува според заповедта на љубовта. Ова е многу важно, законот нѐ води кај Исус.

Десетте заповеди „воспитувачи“ за средбата со Исус

Папата Фрањо посакува, со Божја помош верниците да можат да го следат „патот на заповедите“, кои се „воспитувачи што водат до средбата со Исус, но секогаш гледаат кон „љубовта Христова“, знаејќи дека средбата со него е поважно од сите заповеди“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот