Генерална аудиенција: Еднаквоста во Христа ги надминува разликите

Генерална аудиенција: Еднаквоста во Христа ги надминува разликите

Продолжувајќи ја катехезата за Посланието до Галатјаните, папата Фрањо во средата, 8 септември 2021 година, на Генералната аудиенција потсети дека сме Божји деца и дека добивме нов живот преку крштевањето кое ни овозможува да го наречеме Бог „Ава, Оче“.

Толкувајќи го пасусот од третото поглавје до Галатјаните (Галатјаните 3,26-29), Папата истакна дека апостол Павле нагласува дека верата во Христа ни овозможи навистина да станеме Божји деца и наследници. Ние христијаните често ја земаме здраво за готово реалноста дека сме Божји деца, предупреди Светиот Отец, повикувајќи ги (некои) со благодарност да се сетат на моментот кога станавме такви при крштевањето.

Со вополотението, Христос стана наш брат

Откако „дојде верата“ во Христа (сп. р. 25), настана радикално нова состојба што нѐ води кон божествено синовство, рече Папата. Имено, синовството за кое зборува Павле не се однесува на фактот дека ние сме деца на ист Творец. Во споменатиот пасус, тој вели дека верата ни овозможува да станеме Божји деца „во Христа“ (сп. р. 26). Тоа е разликата, нагласи Светиот Отец, бидејќи со своето воплотување станува наш брат, а со својата смрт и воскресение нѐ помири со Отецот. Секој што го прифаќа Христа во верата, со крштевањето, го „облече“ Христа и неговото синовско достоинство (сп. р. 27).

Со крштевањето примаме нов живот

Павле неколкупати го споменува крштевањето во своите посланија. За него, да се биде крстен е еднакво на вистинско учество во Исусовото таинство. Крштевањето не е само надворешен чин, истакна Папата, туку оние што го примаат одвнатре се преобразени, примајќи нов живот што им овозможува да се свртат кон Бога и да го повикат со името „Ава, Оче“ (сп. Галатјаните 4, 6).

Папата, исто така, истакна дека апостолот бил толку смел поради што и ќе каже дека идентитетот што го примаме преку крштевањето е толку нов што ги надминува дури и етничките и верските разлики. Така, нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски (Галатјаните 3, 28). Честопати ги прелетуваме овие изрази без да ја сфатиме нивната тежина, рече Светиот Отец, велејќи дека овие категории биле важни разлики во општеството. Рамноправноста во Христа ги надминува дури и социјалните разлики меѓу двата пола, воспоставувајќи еднаквост помеѓу мажот и жената, која во тоа време била револуционерна и која треба треба да се афирмира и денес, рече Папата.

Одлучно да се оди по патот на единството

Мораме повторно да ја откриеме убавината да се биде Божји деца, ние сме браќа и сестри едни на други затоа што сме едно во Христа. Папата, исто така, предупреди дека не треба да има раздор меѓу оние што веруваат во Христа. Напротив, ние сме повикани јасно и конкретно да го покажеме повикот за единство на целиот човечки род (сп. Conc. Ecum. Vat. II, Cost. Lumen gentium, 1). Важна е верата која дејствува на патот на единството со која нѐ води Светиот Дух. Наша одговорност е да одиме одлучно по тој пат, заклучи папата Фрањо, повикувајќи ги верниците дека оние што не знаат да не заборават да дознаат кога се крстени, за да можат да го прослават тој ден.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот