Генерална аудиенција: Да не осудуваме, туку да посредуваме кај Бог и за најголемите грешници

Генерална аудиенција: Да не осудуваме, туку да посредуваме кај Бог и за најголемите грешници

Пастирите се мост помеѓу народот на кого му припаѓаат и Бог на кого припаѓаат според повикот – истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 17 јуни 2020 година, на која зборуваше за Мојсеј кој  не го продава својот народ, туку посредува за него.

Треба да се молиме за секој човек, затоа што сите припаѓаат на Бог. Треба да молиме за луѓето и покрај нивните недостатоци или оддалеченост од Бог – е повикот на папата Фрањо кој го упати на Генералната аудиенција, која и денес се одржа во библиотеката на Апостолската палата.

Продолжувајќи со серијата катехези за молитвата, Папата се осврна на делот од Книгата Исход, зборуваше за Мојсеј кој посредува за народот, кој си направи теле од растопен метал. Толку е близок со Бог така што може да разговара со Него, „лице во лице“. Мојсеј не е деспотски војсководец, туку благ и ќе остане пријател со луѓето така што дури ќе почувствува сожалување за нивните гревови, нивните искушенија, изненадениот копнеж за минатото која бегалците го чувствуваат мислејќи на времето кога биле во Египет.

Мојсеј бил најголемиот пророк за Исус, тој е ‘понтифекс“, мост помеѓу нас и Отецот. Исус посредува за нас, ги покажува на Отецот раните кои се цена за нашето спасение, и посредува. Мојсеј затоа нè поттикнува да посредувавме за светот, молејќи со ревноста на Исус. Сите припаѓаат на Бог. И најголемите грешници, најзлобните луѓе, најкорумпираните управители, сите се деца Божји. Исус тоа го чувствува и посредува за секој – напомена Папата и додаде: Светот живее и напредува благодарејќи на благословот од праведните, молитвата за сочувство која светецот, праведникот, застапникот, свештеникот, епископот, папата, лаикот, секој кој е крстен, стално ја воздигнува за луѓето, на секое место и во секое време од историјата.

Да се потсетиме на Мојсеј, посредникот – поттикна папата и додаде: И кога ќе посакаме некој да осудиме, и кога во себе се налутиме… Добро е да се налутиме, тоа е здраво. Но не е добро да осудуваме. Ако се налутиш, што треба да направиш? Оди и посредувај за тој човек – истакна Светиот Отец. Посредувањето, имено е Мојсеев начин на молитва, со татковско чувство кој го има кон својот народ.

Светото Писмо обично го опишува со рацете испружени кон горе, кон Бог, скоро како со целата своја личност да е мост помеѓу небото и земјата. Дури и во најтешките моменти и тогаш кога народот го отфрла Бог и него како водач, за да си направи златно тело, Мојсеј го моли Бог да им го проси нивниот грев, не го негира Бог, но ни својот народ.

Мојсеј не тргува со народот. Тој е мост, посредник, тој е помеѓу народот и Бог. Не го продава. Сите пастири треба да бидат мост – истакна Папата. Пастирите се мостови помеѓу народот на кого му припаѓаат и Бог на кого припаѓаат според повикот. Таков е Мојсеј. „Ти се молам, Господи, овој народ направи голем грев, оти си направи бог од злато. И сега прости им го гревот нивни; ако ли, пак, не, тогаш избриши ме и мене од книгата Твоја, во која си ме запишал.“ Не сакам да правам кариера со својот народ.

Тоа е молитва која вистинските верници ја негуваат во својот духовен живот. Иако ги гледаат недостатоците на луѓето и нивната оддалеченост од Бог, не ги осудуваат, не ги отфрлаат – рече Папата и истакна: Посредувањето е својствено за светците, кои огледувајќи се на Исус се ‘мост’ помеѓу Бог и неговиот народ.

Осврнувајќи е во катехезата на Мојсеевиот живот, папата Фрањо истакна дека не бил ‘лесен’ и ‘тром’ молител. Кога Бо го повика, човечки гледајќи, било чисто ‘промашување’.  Од перспективен службеник предодреден за брза кариера, ја упропастил можноста и станал пастир кој паси туѓо стадо во Медијанската земја. Од младоста имал сочувство за својот народ и се залагал за угнетените, н од неговите раце не извирала праведност, туку насилство. Така се срушиле неговите соништа за слава – напомена Папата.

Но токму во тишината на пустината Бог го повикува Мојсеј, објавувајќи му се во грмушката која гори. Бог кој го повикува повторно да преземе грижа за својот народ, Мојсеј се спротивставува со стравови приговори дека не е достоен, дека Израелците нема да му веруваат, дека пелтечи… и му упатува на Бог многу прашања ‘зошто’. Во Петокнижието се опишува дури и еден драматичен настан, кога Бог го прекорува Мојсеј поради недостатокот на доверба, нешто кое го попречува да влезе во ветената земја – напомена Папата.

Но, освен поради својата сила, тој нè воодушевува токму и поради неговата слабост. Тој кого Бог го задолжи да го пренесе Законот на својот народ. Тој втемелителот на Божјиот култ, посредник на највозвишените таинства, нема да престане да одржува со својот народ тесни врски на солидарност, посебно во моментите на искушенија и гревови – додаде Светиот Отец.

Секогаш бил приврзан со народот. Мојсеј никогаш не го заборавал својот народ. Тоа е големината на пастирот: да не го заборав народот, да не ги заборави корените. И како што вели Павле на младиот епископот Тимотеј: „Сети се на својата мајка и својата баба, на своите корени, на својот народ“. Мојсејн икогаш не престанал да припаѓа на сиромашните по дух, на кои надевањето во Бог им е храна на нивниот пат – истакна папата.

На крајот од аудиенцијата Папата се спомна на денешниот Ден на совеста, вдахновен од сведоштвото на португалскиот дипломат Аристидеса де Соуса Мендес, кој спаси илјадници Евреи и други прогонети луѓе. Насекаде и секогаш нека се почитува слободата на совеста, секој христијанин нека даде пример за доследна и правилна совест просветлена со Божјото Слово – поттикна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот