Генерална аудиенција: Градењето подобар свет е секојдневен напор, а не само свечена изјава

Генерална аудиенција: Градењето подобар свет е секојдневен напор, а не само свечена изјава

Размислувањата кои папата Фрањо ги сподели со учесниците на Генералната аудиенција беа посветени на Апостолското патување во Казахстан, кое се одржа поради учеството на конгресот на верските поглавари.

Славењата се важни, но градењето на подобар свет за сите бара секојдневни напори и конкретно сведочење. Вака папата Фрањо ги сумираше своите размислувања за учеството на Конгресот на поглаварите на светските и традиционалните религии, што се одржа на 14 и 15 септември во главниот град на Казахстан. По враќање од своето редовно Апостолско патување, Светиот Отец првата Генерална аудиенција ја посвети на размислувања за главните точки. Обраќајќи им се на ходочасниците и туристите кои се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан во среда, 21 септември 2022 година, тој најпрво им се заблагодари на сите вклучени за гостопримството и топлото добредојде.

Религиите се во срцето на напорите за мир

Зборувајќи за Конгресот на поглаварите на светските и традиционалните религии, Папата истакна дека оваа иницијатива, која локалните власти ја спроведуваат веќе 20 години, претставува како место за средби и дијалог, а со тоа и протагонист во промовирањето на мирот и братството. „Ова значи ставање на религиите во центарот на напорите за изградба на свет кој меѓусебно се слуша и се почитува во нивните разлики“, рече Петровиот наследник, пофалувајќи ги казахстанските власти кои „откако се ослободија од јаремот на атеистички режим“ нуди дијалог, „не мешајќи и раздвојувајќи, и јасно осудувајќи ги појавите на фундаментализам и екстремизам“.

Од свечени изјави до конкретни напори

Светиот Отец потоа напомена дека конгресот завршил со објавување на Завршната декларација, која е во согласност со документот за универзално човечко братство потпишан во 2019 година во Абу Даби. Како што истакна поглаварот на Католичката црква, ова е плод на „далекиот пат“, потсетувајќи на меѓурелигиската средба за мир, иницирана од свети Иван Павле II. во Асизи во 1986 година, за „далекувидоста на свети Иван XXIII. и Павле VI, како и на претставници на другите религии. „Како да не се спомнат бројните маченици, мажи и жени од сите возрасти, јазици и националности, кои со своите животи платија за нивната верност кон Богот на мирот и братството? – рече Папата, додавајќи дека „славеничките моменти се важни“, но сепак „подобар свет за сите“ се гради со секојдневни напори и со конкретно сведочење.

Место на средби

Покрај учеството на конгресот, патувањето беше можност за средба со властите во земјата и со Црквата во оваа земја. Папата зборуваше за тоа дека средбата со претставниците на властите и дипломатскиот кор беше можност да се истакне дека Казахстан е повикан да биде „Земја на средби“, бидејќи во неа живеат претставници на повеќе од 150 етнички групи кои зборуваат повеќе од 80 јазици, кои живеат заедно.

Овој повик, „диктиран од географските карактеристики и историјата“, треба да се прифати како пат што „заслужува поддршка“. Дополнително, неопходно е да се продолжи „со изградбата на уште позрела демократија“, која ќе може „ефикасно да одговори на барањата на целото општество“. „Тоа е тешка задача која бара време, но неопходно е да се признае дека Казахстан направи позитивни избори, како што е отфрлањето на нуклеарното оружје и добрите практики во енергетиката и екологијата“, додаде Светиот Отец.

Милоста на малото стадо

Светиот Отец ги изрази и своите впечатоци од средбата со локалната Црква, истакнувајќи дека има убав впечаток од средбата со „заедницата на радосни и ентузијастички луѓе“. Во оваа голема земја има малку католици, но ако се живее со вера ваквата ситуација, „може да донесе евангелски плодови“. Првата од нив е „милоста на малото стадо“, повикот да се биде квасец, сол и светлина, „доверувајќи се само во Господа“. Дополнително, тоа е поттик за „развивање односи со христијаните од други конфесии“, како и „братство со сите“. Тоа беше повод и да се потсетиме на „мачениците на овој свет Божји народ“, кој преживеа децениски угнетувања до ослободувањето пред 30 години, „мажи и жени кои многу страдаа за верата за време на прогонот“.

И токму „со ова мало стадо“ Папата служеше света Литургија на празникот Воздвижение на Чесниот крст Господов. И ова нè поттикнува да мислиме дека „во свет каде што се вкрстуваат напредокот и уназадувањето, Христовиот крст останува сидро на спасението“.

Ватикан њуз /к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот