Генерална аудиенција: Благородноста на молитвата нè става во Божји раце

Генерална аудиенција: Благородноста на молитвата нè става во Божји раце

На Генералната аудиенција, одржана во библиотеката на Апостолската палата, Папата продолжи со серијата катехези и зборувајќи за царот Давид поттикна на молитва во секоја ситуација од животот, добра или лоша. Давид е светец и грешник, но моли тој глас никогаш не се гаси, тоа е црвенатa нишка во неговиот живот.

Молитвата е во состојба да го загарантира односот со Бог, кој е вистински сопатник на човекот на неговиот пат низ илјадниците неволји во животот – истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција која сè уште поради посебните мерки за сузбивање за ширењето на коронавирусот, се одржува во библиотеката на Апостолската палата. Продолжувајќи со серијата катехези за молитвата, Папата во среда 24 јуни 2020 година, на последната аудиенција пред летниот одмор во јули – која ќе продолжи во среда 5 август, додека неделниот Ангел Господов ќе се одржува редовно – зборуваше за цар Давид, кого традицијата го смета за голем уметник при составувањето на псалмите.

Давид бил светец и грешник, прогонуван и прогонител, жртва и крвник – додаде папата Фрањо и рече дека тоа е контрадикција. Давид бил сѐ во едно. И ние во својот живот често забележуваме спротивности, во сплетот на животот сите луѓе често грешат поради недоследност – истакна Папата. Но во животот на Давид постои црвена нишка, која обединува сè што се случува, а тоа е неговата молитва.

Светецот Давид моли. Грешникот Давид моли. Прогонетиот Давид моли. Прогонувачот Давид моли. Жртвата Давид моли. И крвникот Давид моли. Тоа е црвената нишка во неговиот живот. Тој е човек на молитва. Тоа е глас кој никогаш не се гаси, дали поприма радосен тон или жалосен, секогаш е тоа иста молитва, само се менува мелодијата – истакна Папата и објасни: Давид така нè учи на дијалог со Бог. Радоста како вина, љубовта како страдање, пријателство како некоја болест. Се може да стане збор упатен кон ‘Ти’, кој секогаш нè слуша.

И Давид имено ја има запознаено осаменоста, иако никогаш не бил вистински сам. На крајот тоа е силата на молитвата, за сите оние кои даваат простор за неа во својот живот. Молитвата те облагородува и Давид е благороден затоа што моли – напомена Папата. Но тој е крвник кој моли, се кае и благородноста се враќа, благодарејќи на молитвата. Молитвата ни дава благородност, таа е во состојба да ни го загарантира односот со Бог, кој е вистински сопатник на човекот во неговиот од низ илјадниците ситуации низ животот, добри и лоши, но секогаш со молитва. Благодарам Господи! Се плашам Господи! Помогни ми Господи! Прости ми Господи!

Довербата на Давид е толку голема и се покажува во моментот кога бил прогонет и кога морал да бега, не дозволил никој да го одбрани. „Ако Бог така ме понижува, Тој знае“, затоа што благородноста на молитвата нè става во Божји раце. Оние раце ранети од љубов и единствени сигурни кои ги имаме – истакна Папата.

Кога бил момче, Бог ги избира за посебно послание, да биде цар на Израел, а од неговото потомство доаѓа Месијата. Последен од бројните браќа, пасел стадо на падините покрај Витлеем. Работел на отворено – рече Папата и додаде: Го замислуваме како пријател на ветровите, звуците на природата, на сончевите зраци. Само во друштво на харфа ги поминува долгите ноќи во осаменост, пеејќи му на Бог. Тој е пастир, кој потоа, според Божјата волја, ќе мора да се грижи за народот. Затоа во Библијата се појавува и сликата за Добриот Пастир, кој го дава својот живот за овците.

Тоа е работа од која Давид научил многу, така што кога пророкот Натан го прекорил поради неговиот грев, кога го уби Уриј Хетеецот за да се ожени со неговата жена Вирсавија – веднаш сфатил дека е лош пастир, дека на друг човек му ја украл единствената овца која ја сакал, дека повеќе не е понизен служител, туку болен од својата моќ, кој убива и ограбува.

Втората карактеристика на повикот на Давид е неговата поетска душа. Не бил суров, како што често може да се слушне за луѓе кои често се принудени да живеат долго изолирани од друштво – напомена Папата. Напротив тој е чувствителна личност, кој сака музика и пеење. Така понекогаш ќе воздигне радосна песна, некогаш тажна, или за да го исповеда својот грев. Светот кој се појавува пред неговите очи не е нема сцена. Од видливите работи, неговиот поглед согледува поголемо таинство.

Токму таму се раѓа молитвата, од уверение дека животот не е нешто што се лизга за нас, туку тој е воодушевувачка таинство, кое во нас поттикнува поезија, музика, благодарност, пофалба, или пак тага, молитва од срце. Кога на некој човек ќе му недостасува таа поетска димензија, кога недостасува поезија неговата душа се клати. Затоа според традицијата Давид е голем уметник при составувањето на псалмите. Тие чест на почетокот директно го спомнуваат израелскиот цар и некои малку или повеќе благородни настани од неговиот живот – напомена Папата.

Сонот на Давид е да се биде добар пастир. Некогаш ќе биде на висина на задачата, некогаш нема. Но она што е важно во контекст на историјата на спасение, дека тој е пророштво на еден друг Цар, а тој е негова навестување и префигурација – истакна папата Фрањо.

На крајот од Генералната аудиенција Светиот Отец упати поздрави на шпански јазик, при што ја вети својата близна со Мексико, кој вчера беше погоден од силен земјотрес. Освен тоа потсети дека денес се слави празникот Свети Иван Крстител и поттикна од него, кој бил претеча Христов, да ја научиме способноста за храбро сведочење на евангелието, без разлика на сопствените разлики, при тоа чувајќи го складот и пријателство врз кои се темели веродостојноста на секое навестување на верата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот