Во Јужен Судан се убиени две монахињи

Во Јужен Судан се убиени две монахињи

Две монахињи се убиени во напад врз група поклоници на 16 август 2021 година во Јужен Судан.

Група поклоници на враќање во главниот град Џуба од прославата на 100 -годишнината на една католичката мисија е пресретната од вооружена група на автопатот. Убиени се најмалку четири лица, објавија локалните медиуми. Католичката надбискупија Џуба во вечерните часови ја потврди информацијата дека во едно од возилата се наоѓале девет монахињи.

Јужносуданското радио „Тамазуј“ објави дека жртвите биле застрелани и запалени. Монахиња од Дружбата „Срце Исусово“ за католичкиот портал ACI Африка изјави дека нејзините сестри биле „убиени ладнокрвно“, додека локален политичар ги нарекол напаѓачите „непријатели на мирот“. Полициската истрага е во тек.

Иако граѓанската војна што ја опустошува таа источноафриканската земја од 2013 година се смета за завршена, судирите меѓу непријателските групи сѐ уште користат насилството. Набљудувачите проценуваат дека еден од најголемите проблеми во Јужен Судан се милионите парчиња огнено оружје кое е во оптек низ целата земја.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот