Во црквата Свети Иван Крстител одржана катехеза за Светата Тајна Исповед

Во склоп на катехезите за Година на семејството во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во сабота 5 април се одржа третата катехеза, на која о. Гоце Костов говореше за светата Тајна Исповед.

Во првиот дел од катехезата, врз основа на Светото Писмо стана збор за гревот и односот на Бог кон грешниците. Во вториот дел од катехезата се говореше власта која Христос им ја дава на апостолите и Црквата да простува и разрешува гревови. Во третиот дел стана збор за обредот на оваа света Тајна, за подготовката за исповед и што се добива со примањето на оваа света Тајна. На крајот од катехезата следуваа прашања поврзани со темата.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот