Во Фатима ќе се одржи Јубилеј на млади во септември

Во Фатима ќе се одржи Јубилеј на млади во септември

Управата на светилиштето во Фатима најави подготовка за Јубилејот на млади за 100 годишнината од објавата на Пресвета Богородица, кој ќе се одржи на 9 и 10 септември – со накана и цел во пораките на Пресвета Богородица „младите да го откријат предлогот за духовноста за 21 век.“

Фокусирана на темата: „Тајната на мирот, патот до срцата“ – пренесува агенцијата СИР – е средба наменета за млади на возраст од 16 до 35 години, а ќе биде остварена во соработка со Националниот оддел за пасторал со млади, вклучувајќи ги сите бискупски секретаријати и сите католички движења.

„Во Фатима постои тајна која секој за себе може да си ја открие: тајната на сопственото битие“ – рече патер Хозе Нуно Силва, претставувајќи ја иницијативата. Во два дена колку што ќе трае средбата, програмата ќе се одвива во четири етапи: „Подготвување за мир, срце на мирот; мир во срцата; и да се живее мирот.“ Навечер, на 9 септември ќе се претстават и музичарите Антонио Замбујо и Мигуел Араујо, кои ќе настапат со песни составени од списите на с. Луција.

Предвиден е и директен пренос на настаните, кои ќе траат цела ноќ, која ќе биде исполнета со длабокото искуство на молчењето во одење,“ поминувајќи ги така постојките од Крстниот пат сѐ до враќањето во базиликата Пресвето Тројство, во зори, кога ќе се направи завршното размислување. Утрото на 10 септември младите ќе се сретнат на молитвата Бројаница, света Литургија, на церемонијата благослов на Јубилејот, како и во поздравната поворка.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот