Во тек се духовни вежби за Папата и Римската курија

Во тек се духовни вежби за Папата и Римската курија

Во првата недела од Великиот пост, активностите на Светиот Отец се откажани бидејќи Папата и раковидителите на Римската курија овие денови ги посветуваат на приватни, молитвени духовни вежби.

Папата Фрањо и Римската курија ја посветуваат првата недела од Великиот пост на духовни вежби, фокусирајќи се на приватна, лична молитва.

Минатиот месец Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека Папата ги повика сите кардинали кои живеат во Рим, раководителите на ватиканските Дикастерии и Римската курија да одвојат една недела за молитва за време на Великиот пост.

Со тоа и активностите на папата Фрањо се прекинати оваа недела, вклучително и неговата редовна Генерална аудиенција во среда, 1 март.

Следниот јавен настан на Папата ќе биде неделната молитва Ангел Господов на 5 март.

Светиот Отец ги повика службеници на Римската Курија лично да си земат време за духовни вежби. За да им ги олесни духовните вежби, Папата ги замоли да престанат со работните активности и да се вклучат во молитва од недела 26 февруари попладне до петок 3 март попладне.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот