Во текот на 2016 Папата примил околу 4 милиони верници

Во текот на 2016 Папата примил околу 4 милиони верници

Префектурата на Папскиот дом на 29 декември 2016 година го обајви годишниот извештај во кој се наведува бројот на верниците кои учествувале на разни средби со папата Фрањо.

Според нивните податоци Светиот Отец во текот на 2016 година примил околу четири милиони луѓе. Тоа ги вклучува Генералните, посебните и јубилејните аудиенции, литургиските славења, Ангел Господов и Небесна царице. Во соопштението се потсетува дека станува збор за приближни податоци кои се утврдени врз основа на барањата пристигнати во Префектурата за учество на славењата и бројот на влезниците кои ги издала Префектурата, исто така и со проценката на бројот на луѓето присутни во текот на пладневните молитви и литургиски славења на плоштадот Свети Петар.

Најмногу верници биле присутни во март и септември: во март за време на Великата седмица, а во септември на канонизацијата на Мајка Тереза од Калкута. Јасно е дека овие податоци се однесуваат на Папските активности во Ватикан, а не ги вклучуваат посетите на римските бискупии, како ниту апостолските посети и патувањата во Италија и странство каде папата Фрањо се среќава со милиони луѓе.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот