Катехези на Неокатекуменскиот пат во Струмица

Од понеделник, 11 ноември 2013 во Католчиката катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица ќе започнат катехезите на Неокатекуменскиот пат. Катехезите ќе се одржуваат секој понеделник, среда и петок и ќе траат до 15 декември.

Ова движење е дел од Црквата, одобрено како средство за евангелизација, а во светот делува скоро 50 години, додека во парохијата Успение на Пресвета Богородица – Струмица е присутно 18 години.

1021_1Неокатекуменскиот пат е дар на Светиот Дух и плод на Вториот ватикански собор, која одговара на Новата евангелизација на Црквата. Започнато е во 60-те години од минатиот век во едно од сиромашните предградија на Мадрид, Паламерас Алтас, од стрна на Кико Аргуељо и Кармен Хернандез, а покасно им се придружува и о. Марио Пеци.

Во 1974 година Конгрегацијата за свети Тајни и обреди во својот службен весник објавува белешка каде за прв пат му се оддава признание на Неокатекуменскиот пат. Во 1990 година Неокатекуменскиот пат е признат од папата Иван Павле II како можност за католичка формација кој одговара на општеството и денешното време. Првото службено одобрување на Статутите на Неокатекуменскиот пат (ad experimentum) е во јуни 2002, додека конечното официјално одобрување е во јуни 2008 година. На 26 декември 2010 година е одобрен и Катехетскиот директориум на Неокатекуменскиот пат.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот