Во Струмица прославен Вториот светски ден на баби, дедовци и стари лица

Во Струмица прославен Вториот светски ден на баби, дедовци и стари лица

По повод Вториот светски ден на баби, дедовци и стари лица, во недела 24 јули 2022 година, во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица се служеше света Литургија, која ја служеа парохот отец Гоце Костов и парохискиот викар о. Атанас Сирачев.

На крајот од светата Литургија верниците ја измолија молитвата за тој повод, а бабите, дедовците и старите лица добија скромен „духовен пакет“ со пораката на папата Фрањо, која ја упати за овој Светски ден, молитвата за старите лица и медалјон со Безгрешното зачнување на Пресвета Богородица.

За време на проповедта отец Гоце Костов ја истакна важноста на бабите, дедовците и старите лица во денешното општество и нивното животно искуство, при што цитираше делови од пораката на Папата. Потоа се надоврза на неделното свето Евангелие кое зборува за фатениот.

По завршувањето на светата Литургија следуваше заедничко дружење во парохиската сала, а агапето го подготвија сопругите на одборниците.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот