Во Скопје се одржа трибина за хагиотерапија

“Почеток и развиток на хагиотерапијата и сестраната ранетост на човекот”

По одржаната 8 година на Меѓународните студии по хагиотерапија во Загреб од 4 до 9 јули 2016 година под водство на д-р Томислав Иванчиќ, професор емеритус, со соработниците – во Пасторален центар “Пресвето Срце Исусово” на 17 јули во Скопје се одржа трибина под наслов “Почеток и развиток на хагиотерапијата и сестраната ранетост на човекот”.

Трибината ја водеа Јосип Чулумовиќ од Загреб и Ратко Кардалев од Скопје како учесници во сите студиски години досега.

Учесниците во трибината ги проследија со интерес излагањата за изворно хрватскиот модел на терапија во рамките на Антрополошката медицина. Воведно се презентираше духовната димензија на човекот по која човекот е навистина човек за разлика од телесната и психичката димензија по кои човекот е сличен на животните. Духовната душа на човекот беше согледана во законитостите на Творецот, патолошките симптоми, дијагнозата и терапевтската метода.

Се дискутираа искуствата на присутните со духовни страдања поради потешкотии во учењето, судири во потесното семејство, институционализацијата во Хрватска и светот итн.

Со одобрување се прими информацијата за можноста наскоро да се организираат тридневни семинари за евангелизација и хагиотерапија кои во Скопје би ги одржале соработниците на професорот Иванчиќ.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот