Во Сирија е убиен исусовецот Франц Ван дер Лугт

Во сирискиот град Хомс од страна на вооружени лица на 7 април е убиен 75 годишниот холандскиот исусовец, патер Франц Ван дер Лугт, кој во Сирија е од 1966 година и за својата работа беше многу ценет. Престојуваше во едно од најопасните окупирани подрачја, но при евакуацијата на цивилите одби да го напушти квартот, сакајќи да остане со локалното население.

Говорејќи за убиството на патер Ван дер Лугт, директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица, патер Ломбарди, рече дека е убиен човек на мирот, кој во тешки и опасни услови, храбро сакаше да остане верен на сирискиот наорд, на кој му посвети голем дел од својот живот и својата духовна служба. Каде што умира народ, со него умира и неговите верни пастири – истакна патер Ломбарди. Во овој момент на болка го изразуваме нашето сочувство во молитвата, но и голема благодарност и гордост затоа што имавме брат, кој беше многу близок со оние кои најмногу страдаат, сведочејќи ја Исусовата љубов сѐ до крај –, рече директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот