Во Свети Иван Крстител – Струмица благословени младите брачни парови

На празникот Сретение Господов во недела 15 февруари во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се служеше света Литургија за брачните парови кои минатата година примија Света Тајна Венчание во оваа парохија. На крајот од светата Литургија отец Гоце Костов на присутните брачни парови им подели благослов. Тој истакна дека парохијата молитвено ги придружува младите семејства и моли за нивните потреби и ја истакна желбата да продолжат ваквите средби. Заедништвото продолжи во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот