Во САД се молат Свети Бројаници во 100 дена со цел протерување на демонските сили

Во САД се молат Свети Бројаници во 100 дена со цел протерување на демонските сили

Маршот „Милион Бројаници“ ги повикува католиците да молат света Бројаница 100 дена .

Католиците во САД повикуваат на милион Свети Бројаници во текот на 100 дена молитва и пост за да се истераат демонските сили од САД. Маршот „Милион Бројаници“ ги повикува католиците да молат света Бројаница 100 дена со цел со повеќе милион измолени свети Бројаници да се понудат за поправање и застапување за американската нација затоа што како што нагласуваат „САД ја зафатила невидена борба помеѓу доброто и злото“, пишува ChurchPOP.

Засега повеќе од 750 илјади католици јавно се заветувале на молитва света Бројаница во траење од 100 дена, а бројот расте од минута во минута.

„Ние долупотпишаните католици мажи и жени повторно се доверуваме себе и својата нација, Соединетите Американски Држави, на нашиот Господ Исус Христос, Кој е Љубов, Вистина, Убавина и Добрина и на триумфот на Пресветото Семејство Исус, Марија и Јосиф“, стои во јавниот завет.

„Го молиме Господ да ги укори, фати и истера сите демонски сили на сатаната кои го снајдоа нашиот народ. Го молиме Господ за сопствено преобраќање и преобраќање на сите наши сограѓани, католици и не католици, на убавина и слобода која се наоѓа само во Пресветото Срце Исусово преку Безгрешното Срце Богородично.“ „Сатаната непријателот на сите мажи и жени, води немилосрдна војна против нас, нашата вера, нашите семејства, нацијата и сите луѓе. Ние верните католици лаици нема мирно да стоиме.“

„Нема да Го напуштиме нашиот Господ. Нема да ја препуштиме својата земја на злото. Ги повикуваме сите католици мажи и жени нека се обединат во љубовта Божја и да заземат став за сите наши браќа и сестри во нашиот народ.“

Категорија: Вести, Свет

За авторот