Во сабота ќе биде претставена пораката на Папата за Светскиот ден на сиромашни 2020

Во сабота ќе биде претставена пораката на Папата за Светскиот ден на сиромашни 2020

Во сабота 13 јуни во Ватикан ќе биде претставена Пораката на Папата за Светскиот ден на сиромашни 2020, соопшти во среда 10 јуни Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Тема на пораката за оваа година гласи: На сиромавиот пружи му рака“, која е преземена од Книгата Сирахова.

Во сабота 13 јуни во Ватикан ќе се одржи прес конференција на која ќе биде претставена пораката на Светиот Отец папата Фрањо за Светскиот ден на сиромашни 2020, кој оваа година ќе се прослави на 15 ноември на тема: На сиромавиот пружи му рака“ (Сирах 7,32)

Пораката ќе ја претстави претседателот, секретарот и потсекретарот на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација, монс. Рино Физикела, монс. Октавио Руиз Аренас и монс. Грахам Бел.

Прес конференцијата ќе може да се проследи само преку директен пренос од салата Иван Павле II во Канцеларијата за печат при Светиот Престол на Youtube каналот на Ватикан њуз на следниот линк: https://www.youtube.com/c/VaticanNews.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот