Во Рим Папата ќе предводи светата Миса за мигранти

Во Рим Папата ќе предводи светата Миса за мигранти

Во петок 15 февруари 2019 година во Fraterna Domus во Рим Светиот Отец ќе ја предводи светата Миса

Како би го истакнал своето внимание за прифаќање на мигрантите папата Фрањо во петок 15 февруари ќе ја предводи светата Миса во Fraterna Domus во Рим во 16 часот, со што ќе се отвори Средбата „Ослободување од стравот“ во организација на установи за прифаќање: Фондацијата Мигрантес, Италијанскиот Каритас и Центарот Астали, која се одржува од 15-17 февруари, објави привремениот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Алесандро Џизоти.

Посетата ќе биде од приватен карактер, така што е исклучена присутноста на новинари и за средствата за информирање. Светата Миса директно ќе ја пренесуваат Ватиканските медиуми.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот