Во Рим на крајот на септември ќе се одржи пленарно заседание на ССЕЕ

Во Рим на крајот на септември ќе се одржи пленарно заседание на ССЕЕ

Во Рим од 23 до 26 септември ќе се одржи пленарно заседание на Советот на европските епископски конференции кое ќе биде во знакот на 50 годишнината од постоењето на ССЕЕ а за тема ќе ја има „ССЕЕ – 50 години во служба на Европа, сеќавање и перспективи во контекст на енцикликата Fratelli tutti“.

Во воведниот дел од заседанието претседателите на европските епископски конференции во базиликата Свети Петар во Ватикан ќе имаат света Литургија која ќе ја предводи папата Фрањо, а на римскиот Квиринал ќе ги прими италијанскиот претседател.

Ова година Советот на Европските епископски конференции (ССЕЕ) слави 50 години постоење: основан е во март 1971 година и подоцна одобрен од свети Павле VI. За да го прослави тој јубилеен настан, во Рим од 23 до 26 септември 2021 година ќе одржи годишно пленарно заседание ССЕЕ на кое ќе учествуваат претседателите на епископските конференции од цела Европа.

Замислено како тело на заедништво помеѓу европските епископски конференции со цел промовирање и чување на добрата на Црквата, ССЕЕ според сопствените статути веќе 50 години колку што псотои се залага за „вршење колегијалност во хиерархијата на заедништвото cum et sub romano pontefice; зајакнување на тесната комуникација и соработка помеѓу епископите и епископските конференции во Европа за да се промовира и вдахнува работата на новата евангелизација; екуменскиот дијалог за единство на христијаните; пружење црковно сведоштво во европското општество.

Вовед во пленарното заседание ќе биде евхаристиското славење кое ќе го предводи папата Фрањо во базиликата Свети петар на 23 септември во 17.00 часот. На крајот од светата Литургија со Светиот Отец учесниците на пленарното заседание ќе ги посетат гробовите на Папите кои го придружувале ССЕЕ во неговата работа и таму ќе се помолат.

Во попладневните часови на 24 септември претседателите на евроспките епископски конференции ќе ги прими на Квиринал претседателот на Република Италија, Серхио Матарела.

Темата избрана за пленарно заседание, „ССЕЕ – 50 години во служба на Европа, сеќавање и перспектива во контекст на енцикликата Fratelli tutti“, сака да биде прилика за анализа на состојбата во Европа, утврдување на најзначајните елементи кои имаат влијание на Црквата и општеството на нашиот континент и живо сеќавање на христијанските корени втакаени во историјата. Со тоа воедно се настојува да се обнови определувањето на Црквата за изградба на Европа, следниот поттик на папата Фрањо кој во својата порака до евроспките епископи по повод заседанието во Сантијаго де Компостела ги повика да се залагаат за „нов европски хуманизам, способен за дијалог, интеграција и раѓање“ за Европа да може да „расте и да се развива како семејство на народи, земја на мир и надеж“, се наведува во најавата за пленарното заседание на ССЕЕ во Рим која ја објави Канцеларијата за медиуми на ССЕЕ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот