Во Радово прославен празникот Марија од Назарет

Во Радово прославен празникот Марија од Назарет

Во недела 07 октомври 2018 година во Радово беше свечено прославено светувањето на Марија од Назарет, созаштитничка на парохијата.

Централен настан на празнувањето беше неделната архиерејска света Литургија која ја служеше Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, во сослужение на повеќе свештеници од Струмичко-скопската епархија и Скопска бискупија.

На празникот му претходеше подготовка со Тродневница, која беше водена во духот на темата: „Секое дете заслужува да биде ученик“. Во која покрај домашните свештеници отец д-р Зоран И. Стојанов – парох и отец Трајче Ташев и отец Илија Стојанов – капелани, директно со свои наговори учествуваа и отец м-р Атанас Сирачев и отец Ристо Самарџиски.

Празникот и Тродневницата во чест на Небесната Мајка беа вистински молитвен празник со учество на свешетеници од двете Католички бискупии во Македонија, на сестрите Евхаристинки на многубројни верници од Радово и други места, а особено запазено беше учеството на младите од парохијата и деца од школска и предшколска возраст кои заедно со своите родители беа активни учесници и креатори на молитвените активности.

Во склоп на Тродневницата беше и процесијата која се одржа во сабота со посета на двете капели во Радово посветени на Марија од Назарет и Мајка Тереза. Во таа пригода беше благословен и пет метарскиот дрвен крст кој е поставен во центарот на Радово, а е дар од семејствата Кармазичеви и Тантушеви. Крстот е поставен во знак на сеќавање на сто годишнината од доаѓањето на Отец Христофор Д. Назов во Радово, во 1918 г.

Светувањето на празникот заврши со благословот на фамилијарните и личните Бројаници на сите верници и со заедничко Агапе подготвено од вредните домаќинки од парохијата во соработка со црковните и каритас одборници.

Оваа година се славеше 20 годишнината на Марија од Назарет во Радово, бидејќи од 1998 година непрекинато се чествува Марија од Назарет како созаштитничка на радовската парохија.

к.мк/Наталија Стојанова

Категорија: Вести, Македонија

За авторот