Во Петралинци започна прославата 90 години постоење на Католичката црква

Во Петралинци започна прославата 90 години постоење на Католичката црква

Со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, на 29 декември 2019 година, со света Литургија беше отворена Јубилејната година по повод 90 години Католичка црква свети Кирил и Методиј во Петралинци

По тој повод во парохиската црква пред света Литургија се молеше благодарствена молитва, која ќе се моли секој ден до затворањето на Јубилејната година. Потоа следуваше свечената и благодарствена света Литургија, која ја предводеше парохот о. Ѓорге Појразов. За време на проповедта потсетувајќи на почетоците на црквата во Петралинци, о. Појразов истакна „дека црквата е нашата света мајка, која секогаш се грижи за своите деца, кои ѝ се доверени“.

На крајот од светата Литургија верниците од парохијата ја започнаа Божиќната Деветница.

о. Ѓорге Појразов

Категорија: Вести, Македонија

За авторот