Во Петралинци заврши прославата 90 години постоење на Католичката црква

Во Петралинци заврши прославата 90 години постоење на Католичката црква

Со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, на 27 декември 2020 година, со свечена света Литургија беше затворена Јубилејната година по повод 90 години Католичка црква „Свети Кирил и Методиј во Петралинци

По тој повод во парохиската црква пред света Литургија беше благословена „Јубилејната спомен плоча“ потоа се молеше благодарствената молитва, која во текот на јубилејната година се молеше секој ден во црквата. Потоа следуваше свечена и благодарствена света Литургија, која ја предводеше парохот о. Горге Појразов.

За време на проповедта парохот Појразов истакна „дека секогаш и во секое време да му искажуваме благодарност на Господа Бога. Исто така нашата благодарност да ја искажуваме и кон секој човек, кој е наш ближен. Да се благодари е доблест за секој еден христјанин“.

На крајот од светата Литургија парохот искажа голема благодарност до Господа Бога за овој ден.

о. Горге Појразов

Категорија: Вести, Македонија

За авторот