Во Перу отворена „Мисионерска година на христијанската иницијација“

Во Перу отворена „Мисионерска година на христијанската иницијација“

„Мисионерска година на христијанската иницијација“ во надбискупијата Куско е отворена на празникот Крштение Господово во неделата на 10 јануари.

Митрополитот и надбискуп на Куска Ричард Даниел Аларкон Уритија на интернет страната на надбискупијата ја истакна важноста која 2021 година ќе ја има за формацијата на верниците како Исусови ученици мисионери. Ова мисионерска година ќе го сврте вниманието на процесот на христијанска формација на децата, малолетниците, младите и возрасните, напиша надбискупот. Сите крстени ќе бидат повикани на таа обврска „да бидат Исусови ученици мисионери“, додава тој.

Затоа надбискупот на сите свои верници како и на сите пасторални работници лаици кои учествуваат во евангелизацијата на Црквата на разни пасторални подрачја и во своите парохии ги поттикна радосно со оптимизам и надеж да учествуваат во таа „Мисионерска година на христијанската иницијација“. Паросите ги повика во парохиите во согласност со можностите, на неделната света Литургија да слават отворање на таа година со пасторалните групи. Освен тоа присоединувајќи се на иницијативата на папата Фрањо кој прогласи година на свети Јосиф, надбискупот најави дека токму свети Јосиф ќе биде заштитник на христијанската иницијација, имајќи на ум дека на Детето Исус бил воспитувач во верата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот