Во Панама се очекуваат 200.000 млади

Во Панама се очекуваат 200.000 млади

Неполни две недели до 34. Светски ден на млади кој од 22 до 27 јануари ќе се одржи во Панама, организаторите истакнуваат дека се очекуваат повеќе од 200.000 учесници од 155 земји во светот.

Меѓу нив и околу 1000 млади претставници на домородните народи од целиот свет кои три дена порано ќе се соберат на средба за осврт на енцикликата на Папата „Laudato si“, а потоа ќе им се придружат на останатите млади. Гласноговорникот на организацискиот одбор за Светскиот ден на млади Џанкарло Кандадедо во разговор за Радио Ватикан напомена дека за средбата првенствено се подготвуваат со молитва. Организацијата на таков настан за нивната мала земја е голем предизвик. Притоа на епископите активно им помага и владата. Прв пат во историјата на Светскиот ден на млади се случи владата на земјата домаќин да основа и административна служба која помага во организацијата.

Кандадедо истакнува дека сè е подготвено за доаѓањето на Папата. Минатата недела на јавноста го претставија папамобилот и ходочасничкиот пакет кој овој пат е посебно карактеристичен, во неа се наоѓа и Бројаниците кои ги изработија сиромашни семејства во Витлеем.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот