Во Охрид завршија духовните вежби за свештениците и богословите

Во Пасторалниот центар во Охрид на 9 окотмври завршија духовните вежби за свештениците од Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија, на чело со бискупот Скопски и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, како и за богословите од Апостолскиот егзархат. Духовните вежби ги водеше дон Роберт Зубовиќ, декан и парох при парохијата „Свет Крст“ во Огулин, Република Хрватска.

На размислувањата дон Роберт Зубовиќ зборуваше за радоста во свештеничката служба, за Литургијата, молитвата на свештеникот… На предавањата тој се осврна и на Апостолското писмо на папата Фрањо „Радоста на Евангелието“ (Evangelii Gaudium) во кое се заборува за мисионерското послание на Црквата, Црква која излегува да го навестува Евангелието, катехизација на возрасни, читање на Светото Писмо, Литургија која евангелизира, за тоа каква треба да биде хомилијата и како еден свештеник треба да се подготвува за неа.

За време на духовните вежби во Пасторалниот центар во Охрид, покрај предавањата голем дел од времето беше посветено на заедничка и лична молитва.

Духовните вежби започнаа во понеделник 6 октомври.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот