Во Нигерија е киднапиран италијански свештеник

Во Нигерија е киднапиран италијански свештеник

Свештеникот Пјерлуиџи Макали од Дружбата африкански мисии е киднапиран ноќта помеѓу 17 и 18 септември од наводна група џихадисти.

Италијанското државно обвинителство покрена истрага за киднапирањето сомневајќи се дека се работи за терористички чин. Семејството на свештеникот во молитва очекува вести од италијанското Минстерството за надворешни работи.

Во Нигерија, ноќта помеѓу 17 и 18 септември е киднапиран свештеникот Пјерлуиџи Макали, член на Дружбата африкански мисии. Се претпоставува дека го киднапирала група исламисти од Мали. Отец Мауро Арманино собрат на киднапираниот мисионер за агенцијата „Фидес“ рече дека подрачјето на кое делувал киднапираниот мисионер веќе неколку месеци е кризно подрачје заради присуството на терористи од Мали и Буркина Фасо.

Семејството на свештеникот во молитва очекува вести од италијанското министерство за надворешни работи

Братот на отец Пјерлуиџи Макали, Валтер Макали исто така свештеник и мисионер изјави за информативната агенција „Сир“ дека семејството чека вести од италијанското министерство за надворешни работи. „Се прави сѐ што е можно за да ја дознаеме моменталната состојба, но за сега нема никакви конкретни вести“ – рече отец Макалиј и заклучи: „Со целото срце се надеваме дека сѐ ќе се реши на најдобар можен начин. Постојат ситуации во кои не можеме да направиме ништо освен да чекаме и да се молиме.“

Мисионер меѓу последните и заборавените

Киднапираниот мисионер отец Пјерлуиџи Макали неколку години служел на Брегот на Слоновата Коска, а во последно време бил во парохијата во Бомоанга во изолирано и заборавено подрачје на Нигерија, лошо поврзано со остатокот на земјата заради недостаток на патишта и телефонски врски. Тоа подрачје е тешко погодено од сиромаштво, од здравствени проблеми на луѓето, недостатокот на хигиена и снабдување со вода и неписменост.

Се ангажирал против обрежувањето на девојчињата

Работата на киднапираниот свештеник се карактеризира со долги години напор во спојувањето на евангелизацијата и хуманоста, преку училишта, амбуланти и поучување на младите земјоделци. Секогаш свртен кон проблемите на подрачјето на кое се наоѓа, отец Макали се борел против одредени традиционални практики, како инфибулација и обрежување на девојчињата. Заради тоа негово агажирање заработил непријатели, а и тоа – според локални извори – може да биде една од причините за киднапирањето.

Според најновите информации кои ги даде нигериската полиција, киднапираниот мисионер е жив и се очекува почеток на преговорите со киднаперите. Сѐ уште нема договор за откупот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот