Во недела папата Фрањо ќе ја посети заедницата Свети Еџидио

Во недела 15 јуни, папата Фрањо ќе ја посети заедницата Свети Еџидио. Средбата е посветена на сиромашните, кои се во центарот на Исусовото Евангелие, а за заедницата претставува основна активност и е во духот на пријателство и служење.

Се планира Папата да пристигне на Трастевере околу 17.00 часот, каде ќе помине низ плоштадот Света Марија од Трестевере и ќе ги поздрави присутните. Во истоимената базилика, ќе се помоли пред иконата на Пресвета Богородица од Милоста, најстара икона во Рим, насликана на дрво. Потоа Светиот Отец ќе слушне неколку сведоштва, а потоа на присутните ќе им се обрати со кратоко говор. Предвидено е време и за молитва. После тоа Папата ќе замине во седиштето на заедницата Свети Еџидио, каде ќе се сретене со одговорните на заедницата, епископи, свештеници и богослови, како и со болни и други групи.

Во заедницата Свети Еџидио служењето на сиромашните е присутно уште од самиот почеток на заедницата, но со тек на време, се прават напори да се одговори и на новите потреби. Така сега има и училишта за мир, се грижат за лицата без место на постојан престој, доселеници од странство, лица со потешкотии, стари и болни. Како што сведочат од заедницата, сиромашните се во центарот на вниманието и се полноправни членови на заедницата. Со посетата на оваа заедница, Папата ќе стекне лично искуство и преглед за состојбата на сиромашните, како и за тоа што презима заедницата Свети Еџидио во склад со својата каризма.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот