Во Недела на Божјото Слово бискупот служеше во Скопската катедрала и повика на молитва за единство на христијаните

Во Недела на Божјото Слово бискупот служеше во Скопската катедрала и повика на молитва за единство на христијаните

На светата Литургија бискупот потсети на важноста на Словото Божјо за христијанскиот живот и повика на молитва за единство на христијаните.

На 23 јануари 2022 година во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје бискупот Стојанов служеше света Литургија по повод Неделата на Божјото Слово, на која сослужуваше парохискиот викар дон Давид Трујило.

Во својата проповед Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов ги повика верниците не само да го слушаат Божјото Слово, туку и самите да бидат навестители, а воедно и секојдневно да го читаат Светото Писмо во кругот на своите семјества.

Бискупот потсети и на Молитвената осмина за единство на христијаните, која се одржува од 18 до 25 јанаури, при што ги повика верниците да се молат за единство на христијаните, а во таа прилика и самиот заедно со нив молеше.

На крајот од светата Литургија ги повика верниците да се приклучат на вечерашната екуменска молитвена средба, која ќе се одржи во катедралата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот