Во мислите на Папата, Судан и Украина: Да не се навикнуваме на војна

Во мислите на Папата, Судан и Украина: Да не се навикнуваме на војна

По молитвата Царице небесна, во недела на 21 мај 2023 година, папата Фрањо упати апел поради сериозната ситуација во Судан: Прекинете ја војната. Тој уште еднаш ја изрази својата близина со маченичкиот украински народ

По молитвата Царице небесна, првата мисла на папата Фрањо беше посветена на Судан: Жално е, но по еден месец од избувнување на насилството, состојбата е сѐ уште сериозна. Поттикнувајќи ги досега постигнатите делумни договори, Светиот Отец повторно упати силен апел да се положи оружјето.

Нека надвладее дијалогот

Освен тоа, Светиот Отец побара од меѓународната заедница да не штеди напори за да надвладее дијалогот и да се ублажат страдањата на населението и поттикна:

Ве молам, да не се навикнуваме на конфликти и насилство! Да не се навикнуваме на војна, ве молам! И да продолжиме да бидеме блиски со маченичкиот украински народ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот