Во Мексико е опасно да се биде свештеник

Во Мексико  е опасно да се биде свештеник

Во Мексико се забележува зголемено насилство над членовите на клерот.

Во Мексико среќно заврши краткотрајното киднапирање на патер Оскар Наваро Лопез, киднапиран ноќта помеѓу 28 и 29 март 2017 година, недалеку од манастирот Мисионери на Христос Посредник, во колонијата Херадура во Тампико. Веста ја потврди месниот епископ Хозе Луис Дибилдокс Мартинез. Во целата земја се забележува зголемено насилство над членовите на клерот.

Триесет часа траела мората на патер Оскар, киднапиран додека се враќал во својот манастир. Само 24 часа пред неговото киднапирање, криминалните групи убиле еден свештеник домородец, Фелипе Алмирана Карила, а патер Алесандро Солалинде познат бранител на мигрантите и кандидат за Нобелова награда за мир, прими сериозни закани со смрт.

Мексико уште од 2010 година е најопасна земја за извршување свештеничката служба, затоа што нарко картелите клерот го сметаат за упориште на незаштитениот народ, најмногу во селските подрачја. Освен тоа сѐ поголемо е насилството и над активистите за човекови права и над новинарите. Само во март се нападнати пет новинари.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот