Во Мадагаскар владее глад и очај

Во Мадагаскар владее глад и очај

Додека вниманието на светската јавност е свртена на страдањето во Авганистан и Хаити катастрофите продолжуваат и во други делови на светот, истакна салезијанецот Жан Крисостом во разговор за Ватикан њуз, објавен на 20 август.

Дон Жан еден од основачите на здружението „SOS Toliara“, предупреди дека на југот на Мадагаскар една од најсиромашните земји во светот, најстрашната суша во последните 40 години донесе глад и очајување. Одгледувањето на ориз и пченка во последните години е намален за 60 отсто. УНИЦЕФ предупредува дека половина милион деца помали од пет години таму сега трпат заради недостаток на храна.

С< повеќе жители на југот на Мадагаскар во меѓувреме зависат од хуманитарната помош која ниту приближно не е доволна. Состојбата која се влошува од година на година веројатно е поврзана со климатските промени, рече салезијанецот, додавајќи дека ООН ја наведоа Мадагаскар како земја која заради климатските промени прва ќе се соочи со недостатокот на храна.

Дон Жан кој и самиот е од тој остров сведочи дека луѓето таму во меѓувреме јадат кактуси – ги вадат трњата и ги готват листовите за да преживеат. Гладот е се поголем и многу деца умираат токму од таа причина. Бидејќи недостасува питка вода, со готвењето на листовите од кактусот се добива и скапоцената иако многу мала количина течност за пиење. Салезијанецот наведе и дека на социјалните мрежи се шират фотографии на луѓе кои готват животински кожи и ги џвакаат за да го измамат гладот. Бидејќи месото е премногу скапо, па луѓето се собираат околу кланиците кои ги делат остатоците од преработката и кожите. Прават сѐ за да најдат било што за јадење и во својот очај навистина се обидуваат со сѐ, рече дон Жан.

Напоменувајќи дека сушниот период веќе со години продолжува, пред сѐ заради климатските промени, салезијанецот додаде дека дел од вината носат и самите жители на тој четврт најголем остров на светот – имено мнозинството се греат на дрва кои ги сечат по шумите па земјата загуби 90 отсто од шумското подрачје. А периодите на дождови значително се скратија, некогаш започнуваа во октомври, а сега во декември. Но, луѓето немаат избор – дрвениот јаглед им треба за готвење. И така тоа станува маѓепсан круг – им требаат дрва, шумите исчезнуваат и дождови се помалку, а сушите се подолги, рече дон Жан.

Го критикуваше однесувањето на владата на Мадагаскар „која никогаш не обраќа внимание на тој дел од островот“. Исто така владее корупција, а мнозинството луѓе се необразовани и лесно се искористуваат. Се чувствуваме целосно напуштени, порача дон Жан.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот