Во Куба осветена првата црква изградена после револуцијата

Во Куба осветена првата црква изградена после револуцијата

Во местото Сандино во Куба неодамна е посветена црквата „Пресвето Срце Исусово“, прва католичка црква изградена во оваа земја после револуцијата во 1959 година.

Таа е една од трите католички цркви, чија што изградба, како знак на подобрување на односите со Ватикан, ги одобри кубанската влада. Парохот Цирил Кастро, кој ги следи сите фази од изградбата, го спореди тој настан со премин од ноќ во ден, додавајќи дека знаеле како еден ден и тоа ќе се случи.

Црквата е изградена благодарејќи на донација од американските верници, објаснува Рамон Хернандез, свештеник, кој во 1980 година емигрирал во Флорида и се врати во Куба како би бил присутен при осветувањето на црквата во Сандино. За нејзината изградба има донирано околу 90.000 американски долари, а е сместена на пероферијата од населеното место и може да прими околу 200 верници. Другите две цркви, кои ги одобри кубанската влада се наоѓаат во Хавана и Сантијаго де Куба. Новата црква во кубанскиот главен град е отворена за богослужба, но градежните работи уште не се завршени, додека црквата во Сантијаго де Куба допрва ќе започне со изградбата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот