Во катедралата во Струмица прославен Светскиот мисиски ден: Секој може да допринесе за мисионерското послание на Црквата

Во недела 20 октомври, кога на посебен начин се моли за мисионерското послание на Црквата, во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица се служеше света Архиерејска Литургија,која ја предводеше монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во сослужение на бискупот мостарско- дувањски и требинско – мркањски, монс. д-р Ратко Периќ, кој пак за време на Литургијата се обрати до присутните верници на Литургијата.

Во својата проповед бискупот Периќ говореше за три работи и тоа: Неделното Евангелие, 10 годишнината од прогласувањето за блажена на Мајка Тереза и Мисиската недела.

Истакнувајќи ја упорната молитва на жената Хананејка од неделното Евангелие, епископот Периќ се осврна и на Мајка Тереза за која рече дека зборувала со јазик разбирлив за сите: со јазикот на љубовта. Својата проповед ја заврши, укажувајќи дека денес секој христијанин може да допринесе за мисионерското послание на Црквата и тоа со две работи: да моли и да дарува за мисионерите и мисиите.

Конгрегацијата за литургиски обреди и свети Тајни на 14 април 1926 година за време на понтификатот на папата Пио XI одреди претпоследната недела од месец октомври во Католичката Црква да биде посветена на молитва за мисионерите и мисионерството.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот