Во Капелата на Каритас во Скопје прославен празникот „Посета на Блажена Девица Марија“

Во Капелата на Каритас во Скопје прославен празникот „Посета на Блажена Девица Марија“

На 31 мај 2021 година, на празникот „Посета на Блажена Девица Марија кај Елисавета“, според Грегоријанскиот календар, во капелата на Каритас во Скопје, која е посветена на Марија од Назарет, беше служена Света Литургија која ја предводеше директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија.

На Светата Литургија, освен вработените на Каритас, присуствуваа дел од сестрите Евхаристинки, сестрите Усмиленки, сестрите Мисионерки на Љубовта, од Движењето на Фоколарите, како и блиски пријатели и соработници на Каритас. А молитвената накана беше наменета за сите сегашни и поранешни работници на Каритас, како и за покојните, оние кои не се повеќе помеѓу нас, особено за поранешниот директор монс. Антун Циримотиќ.

После Светата Литургија празникот беше одбележaн и со мало Агапе.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот