Во Египет се затворени најмалку 58 цркви

Во Египет се затворени најмалку 58 цркви

„Меѓународното друштво за загрозени луѓе“ ги обвинува египетските дека произволно ја ограничува верската слобода на коптските христијани. Во последните неколку месеци властите на таа земја наредиле затворање на најмалку 58 христијански цркви и тоа поради безбедносни причини. Споменатата невладина организација зборува за „силен напад врз верската слобода“ врз коптските христијани, кои се малцинство во мнозинско муслиманскиот Египет.

Според информации од друштвото многу од затворените цркви се наоѓаат во села на северот од Египет, кои се населени со Копти. Муслиманите од соседните населени места протестирале против црквите, а безбедносните сили наводно не можат да ги заштитат црквите од терористички напади. Наведената  организација известува дека од 2012 година египетските власти во целата земја имаат затворено 67 цркви. Досега од нив повторно се отворени 9. Додаваме дека „меѓународното друштво за загрозени луѓе“ е меѓународна невладина организација за човекови права, која се залага за прогонетите и загрозените национални и верски малцинства, како и за домородните заедници

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот