Во Ватикан поставена изложба инспирирана од енцикликата „Лаудато Си“

Во Ватикан поставена изложба инспирирана од енцикликата „Лаудато Си“

„Емоција за поттикнување промена“ е насловот на фотографската изложба посветена на енцикликата на папата Фрањо „Лаудато Си“, поставена под покровителство на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој во колонадата од левата страна на базиликата на плоштадот Свети Петар. Изложбата која ја уредија режисерката и писателка Лија Белтрами и фотографот од Бангладеш Асаф Уд Даул, ќе биде отворена од 8 ноември истовремено со одржување на состанот COP26 во Глазгов.

Осврнувајќи се на таа иницијатива кардиналот Петер Турксон префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков рзвој напомена дека уметноста нѐ отвора кон светови со различни гледања. Интерпретацијата која ја дадоа организаторите на таа изложба, младиот муслимански фотограф од Бангладеш и режисерката католикиња освен што ни покажува дека „природата е полна со зборови на љубовта“ (Лаудато Си 225), ни покажува исто така дека можеме да влеземе ви дијалог со созданието, со нашиот заеднички дом, и со нашите браќа и сестри за да им ја покажеме големата уметност на нашите екосистеми – истакна кардинал Турксон.

Моето искуство како и искуството на Асаф – рече Лија Белтрами, го потресе пораката од енцикликата „Лаудато Си“ и „Fratelli tutti“ и од нив започнавме за да го пренесеме на другите, преку фотографијата, но и со својот живот, дека заедничкиот пат во заштитата на создаденото и луѓето кои во него живеат, навистина е можен.

Во разговор за Радио Ватикан Белтрами објасни што претставуваат изложените фотографии и пред сѐ истакна дека проектот „Емоција за поттикнување промена“ се создаде после читањето на енцикликата „Лаудато Си“ – заедно со Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој ја разгледавме и работевме на неа – и од моето патување во Бангладеш во јануари 2020 година – рече и додаде, така заедно со еден млад фотограф е родена идејата енцикликата да ја пренесеме на слики.

Фотографиите затоа се, од уметнички аспект, резиме на енцикликата „Лаудато Си“. Конкретно, субјектите на фотографијата се слики од создаденото кои ги интерпретираат маж, жена, деца, поврзани со текстови под сликите, кои Дикастеријата ги издвои од енцикликата.

На прашањето дали може уметноста да поттикне промена во луѓето, режисерката напомена дека, гледајќи ги фотографиите сигурно пред очите ја имаме драмата на овој момент од еколошки аспект, но можеби можеме исто така да ја вратиме довербата во човечкото битие, во Божјиот одраз затоа што на крајот од посетата на изложбата човекот би требало да почувствува дека се е Божји нежен допир, и да направи мала промена во својот начин на живот, во односот со браќата и со општеството – рече Лија Белтрами.

Осврнувајќи се на соработката со фотографот кој е муслиман од Бангладеш, режисерката истакна дека од меѓународно гледиште соработката помеѓу нив била многу важна затоа што уште еднаш можеле да се уверат дека работејќи заедно меѓу луѓето со различна религија – молејќи заедно, живеејќи го тој пат секој во сопствената верска димензија – би можеле да се исполнат оние внатрешни простори кои можеби останале неискажани или непокажани.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот