Во Ватиканските градини папата Фрањо засади даб од Асизи

Во Ватиканските градини папата Фрањо засади даб од Асизи

На празникот свети Фрањо од Асизи, 4 Октомври 2019 година, папата Фрањо во Ватиканските градини посади даб од Асизи, како видлив знак за целосна екологија, а настанот е пропратен со молитва за застапништво на свети Фрањо за Епископската синода за Амазонија, која ќе започне на 6 Окотмври во Ватикан.

Прославата, која се славеше во присуство на домородни и црковни претставници, има исто така симболичко значење. Дабот од Асизи е посаден во срцето на Универзалната црква во разни почви, кои ги претставуваат различните култури и народи.

Земјата од Амазонија ја претставува богатството на културите и традициите на биорегионот, земјата од Индија ги претставува најчувствителните на климатската криза, земји каде сушите и поплавите оставаат милиони луѓе опустошени. Имаше почва која ги претставува бегалците и мигрантите присилени да ги напуштат своите домови поради војна, сиромаштво и еколошко уништување, земја од местата со трговија со луѓе и од проекти за одржлив развој во светот. Најмногу земја имаше од Амазонија, која ги претставува сите оние кои умреле, борејќи се против нејзиното уништување.

Тоа е погодна можност за да се сврти вниманието за важноста на временското Создание и прв гест на папата Фрањо, после повикот упатен до Црквата во светот за прослава на интензивен период за молитва и ангажирање за доброто на заедничкиот дом, како и важноста за одржување на Епископската синода за Амазонија, според моделот и водството на свети Фрањо. Тој настан е плоден чекор за пронаоѓање нови патишта за целосна екологија на критичните подрачја во Амазонија.

Овој настан го организираа Панамазонската црковна мрежа, Заедницата на Фрањевци во Амазонија и Глобалното католичко климатско движење, а покрај нив учествуваа и разни верски конгрегации и претставниците на автохтоното население од панамазонскиот регион.

Со ова завршува и годишната прослава која според желбата на Папата се одржа од 1 Септември до 4 Октомври, а наскоро официјално ќе се одбележи 40. годишнината од прогасувањето на свети Фрањо за заштитник на еколозите и екологијата, кој го прогласи папата Иван Павле II на 29 Ноември 1979 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот