Волонтерска акција на парохиите од Богданци и Гевгелија

Волонтерска акција на парохиите од Богданци и Гевгелија

Во среда 8 март 2017 година волонтерите од парохијата „Свети Кирил и Методиј“ – Богданци и „Свети Петар и Павле“ – Гевгелија заедно со своите свештеници о. Тома Ангелов и о. Димитар Ташев организираа волонтерска акција, донирајќи облека на ЈУ Специјален завод – Демир Капија.

Донацијата беше прифатена со голема радост од страна на вработените на заводот, истакнувајќи за постојаната потреба на оваа институција од донации, но и гестови за солидраност и близина од граѓани и организации.

Парохиите „Свети Кирил и Методиј“ – Богданци и „Свети Петар и Павле“ – Гевгелија во рамките на своите волонтерски активности редовно собираат облека за луѓето во потреба.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот