Воениот бискуп д-р Томо Вукшиќ именуван за надбискуп коадјутор на Врхбосанската надбискупија

Воениот бискуп д-р Томо Вукшиќ именуван за надбискуп коадјутор на Врхбосанската надбискупија

Светиот Отец, папата Фрањо го именува воениот бискуп во Босна и Херцеговина Томо Вукшиќ за надбискуп коадјутор на Врхбосанската надбискупија, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол, на 22 јануари 2020 година.

Монс. д-р Томо Вукшиќ е роден на 9 јануари 1954 година во Студенци, во Мостарско – дуванската бискупија. Откако завршил филозофско – теолошки студии во Сараево и го отслужил воениот рок (1977-1978) бил ракоположен за свештеник на Мостарско – дуванската бискупија во Студенци, на 29 јуни 1980 година. Бил парохиски викар во катедралата во Мостар од 1980 до 1982 година. Потоа, како стипедист на Propaganda Fide магистрира Eкуменска теологија на Папскиот ориентален институт (1984), а Kaнонско право на Папскиот универзитет Урбанијана (1986). Од 1986 до 1988 година ја врши службата секретар на бискупијата и на епископот Павле Жаниќ. После тoа бил питомец на Папскиот хрватски завод Свeти Јероним во Рим (1988-1991) и повторно студент на Папскиот ориентален институт, каде го брани докторатот со тезата: „Односите помеѓу католиците и православните во Босна и Херцеговина од 1878 до 1903.“

Враќајќи се во татковината, бил префект на Теолошкиот институт во Мостар (од 1991 до 1994); предавач на Теолошкиот институт во Дубровник (1992 – 1997); вице ректор на Богословијата во Сараево (од 1993 до 1998); судски викар во Мостарско – дуванската бискупија (1993-2009); директор на Католичката новинска агенција на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина (од 1998 до 2005), член на Мешовитата комисија за примена на Основниот договор помеѓу Светиот Престол и Босна и Херцеговина.

Светиот Отец Бенедикт XVI на 1 февруари 2011 година основа Военаж ординариј за Босна и Херцеговина и го именува Генералниот викар на Мостарско -дуванската бискупија и професорот на Католичкиот богословски факултет во Сараево д-р дон Томо Вукшиќ за прв епископ на Воениот ординариј. За епископ е ракоположен на 2 април 2011 година во мостарската катедрала „Марија Мајка на Црквата.“

Одлично го познава италијанскиот јазик; знае исто така германски и француски. Автор е на голем број и ценети публикации од теологијата, канонското право , историјата на Црквата, современите прашања.

кта/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот