Вложувањето во образованието – противотров за маргинализацијата на младите

Вложувањето во образованието претставува најдобар противотров за проблемот на маргинализација на младите, пишува папата Фрањо во пораката до италијанскиот Католички универзитет, Пресвето Срце, по повод 91 Денови на универзитетот на тема „Младите, перифериите во центарот“.

Во пораката што Светиот Отец ја упати до кардиналот Анџело Скола,преку својот државен секретар, кардиналот Паролин, го поттикнува Католичкиот универзитет да продолжи на младите да им биде близу, помагајќи им на посебно надарените студенти кои се со послаба економска состојба.

Воспитувањето и образованието се најдобар противотров за маргинализација на млади, кои одредени општествени динамики сакаат да ги осудат. Недостатокот на работа, стои во пораката, оневозможува и остварување на нивните легитимни очекувања, било да се работи за професионално окружување, било во формирањето на семејство. Младите поради тоа се во опасност да бидат ставени уште повеќе настрана, нешто што би имало големи последици не само за нивниот живот, туку и за иднината на целата заедница, предупредува папата Фрањо.

Поради тоа, истакнува Светиот Отец, потребно е да се вратат младите во центарот на внимание со цел, да станат протагонисти во општествениот живот. Во тој контекст важен е и доприносот на Католичкиот универзитет: формирајќи се на високо морални и културно ниво, младите ќе можат, пишува Папата, да ги пронајдат вистинските причини на надеж во иднината и ќе допринесат во отстранувањето на причините за бројните материјални и животни периферии на нашето време.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот