Владиката Стојанов на Велики Четврток служеше во Струмица

Владиката Стојанов на Велики Четврток служеше во Струмица

На 13 арпил 2017 година во катедралната Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска василиева Литургија со Вечерна, во заедништво со свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија.

За време на светата Литургија епископот Стојанов го посвети светото Миро, а кон крајот на Литургијата, симболизирајќи ги апостолите на дванаесет верници го изврши обредот миење нозе.

За време на својата проповед владиката Стојанов потсети на светите Тајни кои Господ Исус Христос ги остави на своите апостоли односно Црквата: Свештеничкото ракополагање и светата Евхаристија. При тоа тој го честита празникот на свештениците и на сестрите Евхаристинки и ги повика верниците да молат за нив.

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот