Видео-порака за добротворниот концерт на Клаудио Багљиони

Видео-порака за добротворниот концерт на Клаудио Багљиони

По повод концертот на Клаудио Багљиони кој во салата Павле VI на 17 декември 2016 година го организираше Ватиканското обезбедување Светиот Отец упати видео порака.

По повод концертот на Клаудио Багљиони кој во салата Павле VI на 17 декември 2016 година го организираше Ватиканското обезбедување со накана за собирање на финансиски средства за изградба на детската болница во главниот град на Централноафриканската Република и за поддршка на настраданите во земјотресот во Средна Италија, Светиот Отец упати видео порака.

Добро вечер, јас сум многу задоволен со овој потфат на Ватиканското обезбедување, во кој се вклучија голем број институции и луѓе, секој со својата личност и својата стручност: уметници, организатори, техничари и работници. Сите сте, како што кажав во други прилики, работници на милосрдието. Бог ги вдахнува делата на милосрдието, а рацете на мажите и жените ги обликуваат – истакна Светиот Отец.

Потсетувајќи на неодамна завршениот Јубилеј на милосрдието, Папата рече дека концертната вечер го проширува хоризонтот на Јубилејот, учествувајќи и делејќи го вистинското сиромаштво и потребите. Сите кои сте присутни на концертот вечерва реално и великодушно учествувате во остварувањето на двата проекти кои се видлив знак на милосрдието – рече папата Фрањо.

Завршувајќи ја пораката Папа рече дека Божиќ нѐ потсетува на Божјиот влез во светот: се роди од Дева Марија како што се раѓа секое дете, а освен тоа неговите родители морале да се помират со тоа дека за нив немало место во гостилница. Неговото раѓање не било навестено на цареви и принцеви, туку на пастирите кои биле малку ценети. Таков е нашиот Бог, не е целосно „друг“ туку апсолутно ни е близок. Ви благодарам на сите! Не можеме да оствариме големи проекти, но што ќе направиме ќе носи потпис на нашата љубов. Папата ја заврши видео-пораката честитајќи им го Божиќ на сите.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот